Ова е сликата од повеќе градови во Србија каде невремето предизвика огромни штети - Фото: ЕПА

Србија парализирана од невремето

Борбата со излеаните реки во Србија и проблемите што ги носат поројните дождови не престанува. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ цела Србија. Вчера беа евакуирани над 70 луѓе, а во 37 града и општини е прогласена вонредна состојба.
Во Јагодина реката Белица достигна критично ниво. Два градски моста се затворени со песочни вреќи и се затворени за сообраќај.

Во Крагуевац поради обилните врнежи од дожд се поплавени подрумските простории на хируршкиот блок на Ургентниот клинички центар, Ѓачки трг, како и неколку улици во населените места Станово, Грошница и Велико Поле. Исто така водата стигнала до влезот во воената фабрика „Лепеница“.

Поради обилни врнежи вчераутро беа непроодни неколку патни правци во Краљево, каде што е урнат и мостот. До Краљево се стигнува преку обиколниот општински пат преку селата Милоча и Сирча.

Градоначалникот на Краљево и шефот на Штабот за вонредни ситуации на тој град, Предраг Терзиќ, најавија вонредна состојба на целата територија на градот. Водата го однесе мостот на Ибарската магистрала во местото Адрани кај Краљево, така што дел од автопатот кон Чачак е во прекин. Во прекин привремено беше и стариот пат за Чачак, но сега е прооден.

Непроодни се патните правци Рековац – Трстеник и Мрчајевци – Краљево кај градот Адрани, соопштија од јавното претпријатие „Патишта Србија“. Како што е наведено, до Краљево се стигнува преку обиколницата на општинскиот пат, преку селата Милоча и Сирча.
– Патиштата што беа непроодни сега се повторно во функција, но бараат поголема внимателност и побавно возење – додаваат од „Патишта на Србија“.
Автомобилскиот сојуз на Србија соопшти дека обилните врнежи сѐ уште можат да предизвикаат застој во сообраќајот и вонредни нарушувања.

Метеоролозите очекуваат поголемо количество врнежи во источните, централните и југоисточните делови на Србија, кои на патиштата во овие области, особено во планинските предели, покрај реките и низ засеците, каде што може да има одрони и излевање на поројни води, па возачите треба да бидат подготвени да реагираат на непредвидени опасности во секој момент.