Фото: Пиксабеј

Во Грција заклучно со денеска се потврдени вкупно 13 случаи на мајмунски сипаници, два повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Од потврдените случаи, осум се увезени, останатите четири се по контакт со сомнителен случај кај странски државјанин во земјата, а еден случај не пријавил патување во странство или контакт со заразен.

Од ЕОДИ соопштија дека лицата веќе оздравеле или оздравуваат и имаат генерално добра клиничка состојба и додаваат дека опасноста за општата популација останува ниска.

Првиот случај на мајмунски сипаници во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.