Фото: принтскрин/Алџезеира

Тројца напаѓачи се убиени, а петмина се уапсени по ноќното пукање на влезот во селото Бањска на северот на Косово, кога, според полициската управа во Приштина, еден полицаец е убиен, а друг е ранет. Полицијата го блокираше влезот во селото од магистралниот пат Косовска Митровица-Лепосавиќ, како и сообраќајот на административните премини Јариње и Брњак. Од правецот на Бањска на главниот пат се слушаат спорадични пукотници.

– Според официјалните информации од терен при размената на оган, потврдено е убиството на уште двајца напаѓачи, кои биле маскирани, униформирани и тешко вооружени, а потврдено е и апсење на униформиран и вооружен напаѓач. Од нападот полицаецот се здобил со претежно полесни повреди –  се наведува во најновото полициско соопштение.

Се додава дека „при полициските акции, на станбената локација што ја користеле напаѓачите, пронајдена е логистичка опрема, сомнителни воени возила, воени униформи, како и оружје и муниција од различен калибар.

Понатаму, при рутинска контрола на возила, во атарот на село Рударе, полициските единици приведоа четворица осомничени кај кои нелегално поседуваат радио опрема, а се сомничат дека се поврзани со криминални групи.

Се подвлекува дека врз основа на досегашните официјални информации „убиство на тројца напаѓачи, апсење на еден напаѓач, апсење на четворица осомничени кај кои биле пронајдени радио-комуникации, како и значителни количини оружје, муниција и разновидна опрема. се потврдени“.