Граѓаните во Босна и Херцеговина имаа тешка задача да го направат вистинскиот избор

Босна и Херцеговина

Подготвил: Mарјан Велевски

Партијата за демократски напредок (ПДП) не се откажува од тврдењето дека кандидатката на опозицијата за претседател на Република Српска, Јелена Тривиќ, го победила својот противкандидат Милорад Додик (СНСД), наведувајќи дека на изборите се случиле огромна изборна кражба и промена на гласачката волја. Тривиќ вчера објави дека ПДП нашла докази на десетици избирачки места дека таа, како еден од двајцата кандидати меѓу кои се води најголемата битка, добила или нула или многу мал број гласови, еден или два, и дека нејзините се запишани на други кандидати од листата на кандидати за претседател на РС.

Таа објави видеоснимка од телевизијата БН, во која претседателката на избирачкиот одбор во Краишник кај Градишка, каде што е родена нејзината мајка, јавно признава дека ги регистрирал нејзините гласови за друг кандидат, Зоран Калиниќ.
Повеќе од 32.000 неважечки гласачки ливчиња, голем број нерегуларности во Добој, Зворник и Приедор и низ Република Српска, заедно со многу неправилности, појава на „слепи“ лица, покажувачи, исфрлање набљудувачи од избирачкото место, промена на записникот… Сето тоа се причините поради кои нема да ги признаам изборните резултати за нивото на претседател на РС и ќе инсистираме на ЦИК на БиХ повторно да се одржат изборите – посочи Тривиќ.

Таа додаде дека правниот тим на ПДП сѐ документира и им предава на надлежните институции, нагласувајќи дека ќе ги искористат сите цивилизирани и демократски средства за расчистување на работите, за да се почитува волјата на народот.
Трката за претседател на Република Српска беше меѓу најинтересните на изборите што се одржаа во неделата во Федерацијата Босна и Херцеговина, на кои се избираа и членови на претседателството на БиХ. Тривиќ му беше главна ривалка на Милорад Додик од Алијанса на независни социјалдемократи (СНСД) и во текот на изборната ноќ со нејзината партија ПДП прогласија победа. Набргу потоа истото тоа го направи и Додик, по што и официјалните резултати покажаа предност за него. Меѓутоа, ПДП остана на ставот дека нивната кандидатка ги добила изборите и обвинува за изборна кражба.

Во меѓувреме, без да ги коментираа резултатите, Милорад Додик ги прокоментира изборите обвинувајќи ги странските амбасадори за директна инволвираност.
Американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина (Мајк Марфи) се однесува како индијански гатач, додека Австриецот, кој е европски амбасадор (Јохан Сатлер), на еден ден пред изборниот молк ги повика гласачите да гласаат за промени – изјави за „Спутник“ кандидатот за претседател на Република Српска.

Додик додаде дека му рекол на австрискиот амбасадор да воведе промени во неговата земја Австрија наместо да се меша во Босна и Херцеговина.

Промени си ти во Австрија, вашата влада е нестабилна, ќе падне за неколку месеци. Внеси ти промени во земјата каде што најчестото име на децата запишани во прво одделение основно училиште во Виена е Мухамед. Дали тоа изгледа егоистично? Едвај чекам да се сретнам со него – изјави Додик.

Западот, како што тврди Додик, има сојузници во политичкото милје на Сараево, што е тема за психолозите, политиколозите и филозофите.
Можеби некој и не очекува толкав степен на послушност, на подаништво, но тие самите ги пробиваат границите на тоа подаништво, па кога некој третокласен службеник во странска амбасада ќе каже нешто, сите во истиот момент настинуваат – рече Додик.

Во исто време, како што потсетува тој, од Запад се обидоа да наметнат нови решенија, под превезот на некакви реформи, оправдувајќи ги со патот кон Европа.
– Сега гледаме дека сето тоа е лага. Наместо европски просперитет, на дело е европската безнадежност, каде што еврото падна за 50 отсто во однос на доларот. Затоа народот, како во Италија, избира, па прашање е која влада во ЕУ ќе опстане до Нова година – посочи Додик.