Фото: Принтскрин

Група студенти денес се собраа пред седиштето на Министерството за државна управа и локална самоуправа во Белград, барајќи пристап до избирачкиот список.

Тие најавија дека сакаат да го отворат избирачкиот список за да го проверат, откако домашните и европските организации кои ги набљудуваа изборите во Србија на 17 декември изразија сомнеж за нивната регуларност.

Студентите најавија дека ќе чекаат до пладне одговор од надлежните и потоа ќе објават кои две локации во Белград ќе ги блокираат во знак на протест. Оттаму додаваат дека блокадите ќе траат шест часа.

Кон блокадите се приклучи и група студенти од Универзитетот во Нови Сад.

Речиси 40 демонстранти беа уапсени за време на протестот на опозициската коалиција „Србија против насилството“ синоќа во Белград, откако група маскирани лица се обиделе да влезат во градското Собрание.