Фото: Принтскрин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека Владата донела одлука да испрати барање до КФОР за враќање на српската војска и полиција на Косово, од неколку стотици до 1.000 членови, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

– На владината седница беше донесена одлука вечерва во електронска форма, а утре изутрина на административниот премин, началникот на Генералштабот на командантот на КФОР ќе му го предаде нашето барање, дека согласно резолуцијата 1244, извесен број на воен и полициски персонал од стотици до илјадници треба да се врати на територијата на Република Косово – изјави Вучиќ за РТС.

Тој вели дека одлуката е донесена едногласно и дека бараме само почитување на меѓународното јавно право и ништо повеќе.

Претседателот вечерва изјави оти не мисли дека постои можност КФОР да го прифати барањето на Србија за враќање на српската војска и полиција на Косово и Метохија согласно Резолуцијата 12 44.

Вучиќ за РТС истакна дека не мисли дека би било лошо да го прифатат тоа барање бидејќи, како што вели, тоа би придонело за мир.

– Да мислеа подобро – ќе придонесе за мир, намалување на тензиите, сосема поинаков поглед на иднината и можност за некакви компромисни решенија, но не сакаа ни да слушнат бидејќи тоа е прст во око на оние кои би одлучувале за нас без нас и дека имаат право да одлучуваат без права, а да не зборувам за правда – рече српскиот претседател.

Кога ги замолив претставниците на меѓународната заедница да кажат еден од договорите што ги почитуваат, добив конкретен одговор – ниту еден, не кријат“, рече Вучиќ.

Тој посочи дека во еден од членовите на француско-германскиот предлог стои дека Србија нема да се противи на членството на Косово во ниту една меѓународна организација.

– Не можеме да сметаме на фер третман. Денеска ја добија кандидатурата на таканареченото Косово за членство во ЕУ, дел од нашите пријатели реагираа праведно, сакам да им се заблагодарам на претседателот на Кипар, Шпанија и Унгарија и на сите што ни помогнаа – изјави Вучиќ.