Фото: Принтскрин

Армијата на САД ќе ја прошири обуката на украинскиот воен персонал во Германија, соопшти денеска Пентагон.

Обуката ќе вклучува и обука со комбинирано оружје.

Портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер, рече дека новата обука ќе вклучува приближно 500 Украинци месечно и нема да бара зголемување на распоредувањето на американските војници во Европа.