Фото: Твитер/Урсула фон дер Лејен

Економијата и политиката во фокусот на средбата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен со претседателот Александар Вучиќ во Белград. Шефицата на ЕК изјави дека проширувањето е на врвот на агендататa на ЕУ и сака Србија да се приклучи, додека Вучиќ изјави дека одговорно ќе се посвети на исполнување на обврските, јави дописникот на МИА од Белград.

Српскиот претседател истакна дека ЕУ е најважен економски партнер кој значи живот за граѓаните на Србија, со размена годинава од 36 милијарди евра, како и дека најголемите инвеститори доаѓаат од ЕУ.

Фон дер Лајен на прес конференцијата оцени да Србија е една од најнапредните земји на патот кон членство во ЕУ и да „сакаме да продолжите со чекорите, да ни се приближите, вклучително и со надворешната политика, бидејќи ЕУ сака да смета на Србија како сигурен европски партнер кој споделува заеднички принципи и вредности“.

Таа посочи на инвестицискиот план за Западен Балкан од 30 милијарди евра и на новит План за раст кој вклучува пакет од шест милијарди евра за стопанството на Балканот, кој ќе ги поттикне економиите, ќе создаде работни места и ќе ги поддржи на нивниот пат кон ЕУ и да секоја земја мора да ги сработи своите „домашни задачи“ за да го искористи ова.

Во поглед на нормализирањео на однсоите со Косово, ште е услов на Србија за членство во ЕУ, Фор ден Лајен посочи дека „насилните напади на 24 септември во Бањска се целосно неприфатливи.

-Сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата, важно е Србија да го поддржи статутот на Заедницата на српските општини, додека Косово треба да го спроведе тој статут. Покрај тоа, Србија мора да почне да ги спроведува постоечките договори и да не губи време на тоа – изјави таа.

Таа на новинарско прашање за барањето на ЕУ за де факто признавањето на Косово, одговори дека спроведувањето на Охридскиот договор е де факто признавање на Косово.

-За што се работи? Станува збор за имплементација на Охридскиот договор. Тој предвидува различни чекори кои вклучуваат признавање на документи и институции од страна на Србија, а со тоа и формирање на ЗСО. Ова треба да го спроведе Косово и тоа ќе го отвори патот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово – што е неопходен предуслов за европскиот пат – кажа таа.

Вучиќ, пак, рече дека признавањето на независноста на Косово не е прашање за Србија и дека не се срами тоа да го повтори пред претседателката на Европската комисија.

– Признавањето на независноста на Косово не е прашање. Знаеме кои се нашите обврски од дијалогот и подготвени сме да ги исполниме. Ако сакате да бидам целосно искрен (…) се плашам дека нема да го видиме наскоро ЗСО, бидејќи добро ги знам сите балкански трикови, научив да ги препознавам од многу одамна и се плашам дека ќе бидеме во потешка позиција – рече Вучиќ.

Тој повтори дека европскиот предлог за статутот на ЗСО е добра основа за разговори и дека Србија е подготвена да продолжи со понатамошните разговори.

Вучиќ изјави и дека Србија има уште многу да направи на својот европски пат, но дека двете најголеми пречки во моментов се прашањето за Косово и невоведувањето санкции против Русија.