Шест лица загинаа во дом за стари и изнемоштени лица во Дарувар, 130 километри југоисточно од Загреб, јавија хрватските медиуми.
Според нив, маж влегол во домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето. Пет лица загинаа на лице место, а шестата жртва починала подоцна.
Началникот на СВР Бјеловар-Билогора, Никола Милина, изјави дека во болница од здобиените повреди починало и шесто лице, откако пензионираниот воен полицаец Крешимир Пахоки утрово пукал во вработените и жителите на Домот стари и изнемоштени лица во Дарувар.
Напаѓачот потоа побегнал, но полицијата набрзо го уапсила во близина на кафуле во градот и се наоѓа под полициски надзор.