Албанија

Секретаријатот за етика во парламентот на Албанија донесе одлука за исклучување на 18 пратеници на ДП од пленарни седници на десет дена и заменикот Ервин Салијањи на дваесет дена, поради блокирање на работата на Собранието, информираа албанските медиуми.
Социјалистичката партија претходно побара исклучување на 19 пратеници на ДП што ја блокираа работата на Собранието на Албанија и на Специјалната комисија за изборни реформи.
Во писмото упатено до Секретаријатот за етика се наведува дека пратениците од опозицијата го блокирале зборот, со бучни уреди направиле хаос во салата, прекршувајќи ги и попречувајќи ги Деловникот за работа и процедуралниот развој и одвивање на седницата.