Во 2023 година, 30 отсто од корисниците на интернет во Европската Унија на возраст од 16 до 74 години изјавија дека следеле курс на интернет или користеле онлајн платформи за учење. Ова е зголемување од два процентни поена (п.п.) во споредба со 2022 година (28 отсто).
Од сите членки на ЕУ, Холандија имаше најголем удел (54 отсто) од интернет-корисници што „посетувале“ курсеви или следеле настава преку интернет. Потоа следуваат Финска (53 отсто), Шведска (48 отсто), Шпанија (47 отсто) и Естонија (45 отсто).
На крајот од оваа листа се Романија (10 отсто), Кипар (16 отсто), Бугарија и Грција (и двете по 17 отсто) и Полска (18 отсто).
Генерално, учеството во онлајн образованието во 2023 година се зголемило во споредба со 2022 година (+7 п.п.). Во Малта, Естонија и во Хрватска зголемувањето е +5 п.п. Намалувања беа забележани во Грција (-12 п.п.), Кипар (-5 п.п.), а во Австрија и Словенија намалувањето е за два п.п.