Фото: Твитер

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ја отфрли тезата на српскаат премиерка Ана Брнабиќ дека Хрватска е етнички исчистена држава, изјавувајќи дека претставници на националните малцинства седат во хрватската Влада и парламент.

-Тезата дека Хрватска е етнички исчистена е смешна. Да бевме етнички чисти, тогаш припадниците на националните малцинства немаше да бидат ниту во парламентот, ниту во владата, ниту пак ќе бидат дел од интегрираниот општествен живот-рече Пленковиќ запрашан да ја коментира изјавата на српската премиерка.

Брнабиќ на една српска телевизија изјави дека Хрватска е етнички исчистена, дека денеска во Европа нема етнички почиста држава од Хрватска.

-Ние сме сериозна членка на ЕУ која се грижи за човековите и малцинските права. Водиме политика на инклузија, толеранција, секој да живее добро. На крајот на краиштата, тоа е политика на помирување, но пред се преку вистината, бидејќи без вистината тешко можеме да одиме напред на здрави темели по големосрпската агресија-рече Пленковиќ.