фото: Принтскрин

По денешниот масакар во црногорско Цетиње во кое настрадаа 11 лица заедно со напаѓачот, директорот на полициската управа Зоран Брѓанин изјави дека во традегијата загинале и две деца на возраст од осум и 11 години, јавува „Вјести“.
Брѓанин потврди дека, според засега познатите информации, 34-годишниот Вук Бориловиќ со ловечка пушка пукал во семејство, чии членови престојувале во становите од неговата куќа како потстанари.

Неплатена кирија причина за масакарот кај Цетиње

„Вјести“ објави дека од Клиничкиот центар на Црна Гора добиле информација дека уште две лица им подлегнале на повредите.
Триесет и четиригодишниот Вук Бориловиќ денеска во Цетиње уби 10 луѓе, а потоа беше убиен. Како што дознава „Вијести“, тој застрелал неколку луѓе во близина на местото каде што живеел.