Од петок ќе може да се плаќа патарина на автопатиштата во надлежност на „Хрватските автопатишта“ преку уредот телепас, а корисниците што веќе го имаат ќе ја плаќаат патарината на ист начин како и корисниците на ЕНЦ. Во соопштението се додава дека „Хрватски автопатишта“ и „Телепас“, како водечка италијанска компанија во интегрираната мобилност, воспоставија соработка на полето на примена на европската електронска наплата (ЕЕНЦ) за сите групи возила.
Плаќањето патарина со уредот телепас за патнички возила е достапно во пет европски земји – Италија, Шпанија, Португалија, Франција и отсега и во Република Хрватска. За камиони, услугата за плаќање со телепас сега е достапна во 15 земји.
Од усвојувањето на Директивата ЕУ/2019/520 на Европскиот парламент и на Советот од 19 март 2019 година за интероперабилност на електронските системи за наплата и олеснување на прекуграничната размена на информации за неплаќање патарини во Европската Унија, „Телепас“ е првиот давател на услуги ЕЕНЦ во тој домен на хрватските автопатишта.
Целта на европската електронска наплата на патарините е да им овозможи на корисниците пристап до европската автопатска мрежа со еден договор и еден уред. А.М.