Во големиот масакр кој вчера се случи во Цетиње, Вук Бориловиќ усмрти 10 лица, по што е убиен.
Црногорската полиција го објави идентитетот на сите жртви. Најстарата има 81 година, а најмладата жртва е осум годишно момче. Убиените се членови на пет семејства, а меѓу нив се и две деца.
Во големата трагедија во Цетиње животот го загубија: Данијела Радуновиќ (51), Александра Радуновиќ (52), Милан Митровиќ (37), Рајко Дрецун (56), Димитрије Дрецун (81), Даница Дрецун (74), Горан Ѓуришиќ (54), Наташа Пејовиќ Мартиновиќ (35), М.М. (11) и М.М (8).
Полицијата се уште истражува дали Бориловиќ погледнал на повредите здобиени во престрелката со полицијата или од куршум испукан од сограѓанин.
Црногорската полиција ја објави хронологијата на масакрот во Цетиње
Крвавиот поход на Вук Бориловиќ започнал со убиство на мајката и двете момчиња кои живееле како потстанари во неговата куќа. Децата починале на лице место, а нивната мајка починала во болница. Потоа излегол и пукал од пушката на жителите од населбата, при што усмртил уште седум лица, а ранил шест.
Во Црна Гора е прогласена тридневна жалост.