Фото: принтскрон

На Косово му треба поддршка од Американците и Европејците, како и прифаќање на локалната заедница, но тие ја немаат, изјави за „Ал Џезира“ професор  Даниел Сервер од Универзитетот „Џон Хопкинс“.

– Вашингтон ги обвинува косовските власти дека се обидуваат да ги спроведат изборните резултати, тоа не ми изгледа правилно, сепак, тоа е она што тие го прават. На Косово му треба поддршка од Американците и Европејците, како и прифаќање на локалната заедница, сепак, го немаат тоа, па сега има неред, кој тешко ќе се реши –  изјави Сервер.