Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од Украина.
– Доколку дојде до ескалација, ќе се повлечеме до последниот хрватски војник. Немаме ништо со ова и нема да имаме ништо, гарантирам – изјави тој критикувајќи уште еднаш за вмешаноста на премиерот Андреј Пленковиќ во Украина.
– По настаните во 2014 година, со кои почна конфликтот во Украина, приказната беше следна – Украина оди на запад, нема што да бараме со Русија, царинската унија со Русија и поранешните советски држави се лоши за Украина, а во ЕУ ќе тече мед и млеко – рече Милановиќ.
Според него, ситуацијата нема врска со Украина, туку со политиката на Бајден, каде што тој гледа недоследност и опасно однесување.
– Ова се случува во предградијата на главниот град на Русија и постојат начини да се спаси Украина, барем 99 отсто, за да ѝ се помогне економски – рече Милановиќ.