Влезот во еврозоната носи одредени поволности и бенефиции, па затоа државите, особено од Балканскиот Регион, имаат силни амбиции да се приклучат. На пример, во контекст на финансиската криза, тоа што од последниве неколку години еврозоната основаше и користеше резерви за доделување заеми за итни случаи за земјите-членки… Но и за влез во еврозоната треба да се исполнат одредени критериуми. Хрватска ги исполнува, а Бугарија сѐ уште е предалеку…

Пред влезот во еврозоната, во чекалницата за приклучување кон Европската монетарна унија (ЕМУ)

Еврозоната, официјално наречена еврообласт, е Европска и монетарна унија (ЕМУ) составена од осумнаесет земји-членки на ЕУ што го вовеле еврото како своја основна валута. Другите земји-членки на ЕУ се обврзани да се приклучат откако ќе исполнат одредени критериуми за влез. Влезот во еврозоната носи одредени поволности и бенефиции, па затоа државите, особено од Балканскиот Регион, имаат силни амбиции да се приклучат. На пример, во контекст на финансиската криза, тоа што последниве неколку години еврозоната основаше и користеше резерви за доделување заеми за итни случаи за земјите-членки… Но и за влез во еврозоната треба да се исполнат одредени критериуми. Во продолжение следува краток осврт за (не)исполнувањето на условите за приклучување во еврозоната за Хрватска и за Бугарија.

Хрватска ги исполни сите услови за приклучување во еврозоната

Хрватска ги исполни сите услови што ѝ овозможуваат да ѝ се приклучи на еврозоната како 20-та земја-членка, објави Европската централна банка (ЕЦБ) во својот најнов извештај за конвергенција. Конечната одлука за пристапување на Хрватска во еврозоната ќе ја донесе Советот на Европската Унија и истата таа се очекува во јули. Одлуката е заснована по предлог на Европската комисија и се носи по консултација со Европскиот парламент и по расправа во Европскиот совет.
Најголемите дилеми за Хрватска се однесуваа на инфлацијата, но ЕЦБ истакна дека Хрватска и Шведска, како единствени две мониторирани земји од седумте, го исполниле тој критериум. Прифатливата стапка на инфлација е пресметана според движењето на цените во три земји-членки на еврозоната со најнизок раст на цените, меѓутоа ЕЦБ ги иззеде Малта и Португалија, земји со најниска стапка на инфлација од 2,1, односно 2,6 отсто, како нетипични во извештајот.
Компјутерските мерења се засновани на инфлацијата во Франција (3,2 отсто), Финска (3,3 отсто) и во Грција (3,6 отсто). Земјата-кандидат за влез во еврозоната може да има 1,5 процентен поен повисоко ниво на цени од трите држави со најниска инфлација. Па така, референтната вредност изнесуваше 4,9 отсто, а просечната стапка на инфлација во Хрватска во периодот мај 2021 година до април 2022 година изнесувала 4,7 отсто.
Јавниот долг на Хрватска е 79,8 отсто од БДП и повисок е од посакуваните 60 отсто од Мастрихт. Кај тој критериум е важно јавниот долг да се намалува доволно нагло што и било случај во Хрватска.
Премиерот на Хрватска Андреј, Пленковиќ, потврди дека Хрватска е единствената од преостанатите членки во ЕУ надвор од еврозоната што ги исполнила сите критериуми за членство во европската економска и монетарна унија, со што беше исполнета една од стратегиските цели на Владата. Европската комисија заклучила дека Хрватска е подготвена да го воведе еврото од 1 јануари 2023 година. Таа ќе биде 20-та држава-членка на еврозоната.

Бугарија не ги исполнува условите за влез воеврозоната

Бугарија не исполнува два од поставените услови за влез во еврозоната, соопшти Европската комисија (ЕК). Власта во Софија не ги задоволи условите за индикаторот за стабилност на цените, како и за усогласување на законодавството со правилата на ЕУ. Бугарија последните месеци се соочува со висока инфлација предизвикана од растот на цените на енергентите, а влијанието на инфлацијата на потрошувачките цени е неусогласена.
За да можат да го усвојат еврото, земјите-членки на Европската Унија мораат да исполнат услови на конвергенција што се однесуваат на инфлација, на дефицит, на јавен долг, на каматни стапки и на девизни курсеви. Тоа се економски и правни услови што се усвоени со Договорот од Мастрихт во 1992 година и се попознати како „Мастришки критериуми“.
Извештаите за конвергенција се објавуваат на секои две години и ЕЦБ во нив ја анализира ситуацијата во земјите-членки на ЕУ што го немаат воведено еврото, без разлика дали изразиле намера за такво нешто или не.