Ebola Kongo
Фото: ЕПА

САД одобрија дополнителни 38 милиони долари за поддршка на напорите во борбата против еболата, со што вкупната директна американска помош за справување со болеста надмина 200 милиони долари, соопшти Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) ќе соработува со надлежните институции во Демократска Република Конго и Уганда со цел да се обезбеди брз и сеопфатен одговор на епидемијата.

Според последните податоци на Светската здравствена организација, во Демократска Република Конго се регистрирани 344 потврдени случаи на ебола, а од последиците на болеста починале 60 лица.

Стејт департментот соопшти и дека американски државјани кои биле изложени на вирусот, но не развиле симптоми, ќе бидат ставени во карантин во Кенија. За таа намена, САД градат специјален објект каде што ќе се спроведува мониторинг и превентивна изолација на потенцијално изложените лица.

Новото финансирање е дел од пошироките меѓународни напори за ограничување на ширењето на вирусот и зајакнување на здравствените капацитети во погодените региони.