Грчките власти ја одбиле понудената помош од Албанија во пожарникари и возила, со образложение дека не и треба помош за гаснење од земја.
Според министрот за одбрана Нико Пелеши, министерството во координација со Националната агенција за цивилна заштита искажало непосредна подготвеност по барањето за помош испратено од Грција до Европскиот механизам за цивилна заштита.
– Тим од 58 лица и 10 возила од вооружените сили и другите оперативни структури на албанскиот систем за цивилна одбрана, поконкретно, противпожарните структури од општина Корча, Дропул, Малиќ и Ѓирокастеро беа подготвени и се стационираа во близина на границата со соседната земја, за да им помогнеме на колегите Грци, чекајќи потврда од грчката страна за интервенција во областите каде што им потреба – информираше Пелеши на Фејсбук.
Тој додаде дека грчката страна одговорила дека “повеќе не е потребно да се интервенира со земјишните модули што ги нуди Албанија бидејќи се завршени од други земји”.
– Министерството за одбрана посакува сериозната ситуација во пријателската земја да помине што е можно побрзо и полесно и останува посветено да стои на страната на пријателите, партнерите и соседите, во секој случај кога заканата го прави неопходно реафирмирање на принципите што не обединуваат – порача министерот Пелеши.
Тој изрази сочувство за жртвите предизвикани од пожарите во Грција, притоа потенцирајќи ја повторно подготвеноста на Албанија за помош.