Европскиот парламент ќе гласа за визна либерализација на Косово на крајот на март или во текот на април, изјави портпаролот на ЕП Џејн Ојамо.
– Се очекува Европскиот парламент да гласа за визната либерализација на 29 или 30 март или на седницата од 17 до 20 април – изјави тој за РТК.
Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент вчера донесе одлука за визна либерализација.
Тоа беше прво во серијата гласања што се очекуваат во наредните недели, што ќе доведе до конечна одлука за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово.
Конечно, одлуката мора да биде одобрена од министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ.
Според договорената одлука, граѓаните на Косово ќе уживаат безвизен режим за влез во ЕУ најдоцна од 1 јануари 2024 година.