Фото: Нова Македонија

Бугарите и Грците се најмалку задоволни од животот меѓу нациите во Европската унија, а најзадоволни се Финците, покажуваат резултатите од истражувањето што го објави Евростат.

Просечната оценка за задоволство од животот во ЕУ во 2023 година, е 7,3 на скала од 0 до 10. Меѓу 27-те земји на ЕУ, 15 се околу или над просекот на ЕУ.

Најзадоволни од животот се граѓаните на Финска со 7,8, а потоа следат Белгија, Австрија, Романија и Словенија по 7,7.

На дното листата се Бугарија со 5,9, Летонија и Грција, и двете по 6,9.

Севкупно, сите земји освен Бугарија имаат просечен рејтинг за задоволство од животот над 6, што значи дека испитаниците во истражувањето се изјасниле дека се задоволни наместо незадоволни.

Критериумите за оценка на задоволството од животот, какко што објансуваат од Евростат, се базирани на повеќе фактори, како што се возраста, степенот на образование, семејството и финансиската состојба.