Во Албанија продолжува полициската операција „Чиста територија“, чија цел е елиминирање на нелегалното произвидство на марихуана, објави полицијата.
-За неполни два месеца, од почетокот на оваа мега-операција на територијата на земјата, главно во северниот дел уништени се вкупно 73.579 стебла марихуана. Само во текот на денешниот ден со палење се уништени 15.395 стебла канабис, откриени во повеќе села од општините Скадар, Вау и Дејс, Голема Малесија и Пук, стои во полициското соопштение.
Се додава дека во акцијата, во која биле вклучени 1.500 полицајци, кои користеле 5 дронови, 330 возила и два глисера, уапсени се четири лица а по девет се трага.