За време на денешната посета на Подгорица, Црна Гора, министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, одржа состанок со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, информираат од неговиот кабинет.

Многу теми беа дискутирани и опфатени заедно, вклучувајќи ги дигитализацијата, укинувањето на роаминг тарифите на Западен Балкан и други можни соработки меѓу двете земји, додаваат од таму.

Двајцата соговорници заклучиле дека размената на искуства е повеќе од неопходна за унапредување на заедничките проекти.

Средбата се затворила со взаемна заложба за остварување на почести состаноци во иднина и со ветување за поинтензивна соработка и комуникација.