Граничарите на североисточната граница на Грција со Турција со солзавец ги растеруваа околу 500-те мигранти. 

Мигрантите се обиделе да влезат во Грција и ЕУ, откако Анкара ја намали контролата, односно одлучи веќе да не ги запира бегалците од Сирија кои по копно и море се обидуваа да стигнат во Европа.

– Турските граничари исчезнаа ова утро – соопшти градоначалникот на Орестијада, Василис Маврадис, додавајќи дека група мигранти се обидела да влезе преку преминот Кастањес. 

Ова е првпат толку голема група мигранти да се обиде масовно да премине граница. Извори на „Катимерини“ велат дека патролите се засилени во оваа област и поставена е жичана ограда која го осигурува секој сантиметар на границата.

На социјалните мрежи кружат информации со снимки каде се наведува дека Турција обезбедува автобуси за мигрантите и ги праќа на граничните премини со Грција и Бугарија.