Во Босна и Херцеговина е потврден првиот случај на коронавирус, а набргу потоа и вториот. Според регионалните медиуми, болните се во Република Српска, а тоа во меѓувреме го потврди и тамошното Министерство за здравство.

Првиот случај е човек кој работел во Италија, а заразен е и неговиот син, кој оди на училиште.

Според порталот „Кликс“, човекот е сместен во Универзитетскиот клинички центар на РС и е во добра состојба.

Имал блага температура, а неговата сопруга и синот живееле во Бања Лука. Властите соопштија дека заразениот контактирал со службите во согласност со правилата.

Пациентот во моментов е во изолација. Синот се чувствува добро, а сопругата е тестирана, но не е позитивна.

Како што објаснија здравствените власти, тестирани се и сите лица кои биле во контакт со првиот пациент.

„Кликс“ додава дека во училиштето кое го посетувал синот се спроведуваат мерки за хигиена. Учениците од прва смена се вратени дома и наставата е откажана.