Словенечката компанија „Адриа Ервејз“ поднесе барање за банкрот и ги откажа сите летови, се наведува во соопштението што го објави компанијата.

Ваквиот развој на ситуацијата следи откако авио-превозникот минатата недела откажа голем број летови поради финаниски проблеми.

-Постапката за прогласување на банкротот е покрената од страна на управата на компанијата, соопшти Адриа, која е во сопственост на германскиот инвестициски фонд 4К Инвест.

Судот има законски рок од три дена во кој ќе донесе одлука за отворање на постапката за банкрот.

Словенечкиот министер за економски развој и технологија, Здравко Почивалешк изјави дека владата ја разгледува можноста за основање на нов национален авио-превозник кој би ја подобрил меѓународната поврзаност на Словенија, по банкротот на „Адриа ервејз“.