Најмалку 29 лица се повредени во пожар што утрово во 6 часот и 30 минути избувна во привремениот прифатен центар за неколку стотици мигранти во Велика Кладуша, северозападна Босна и Херцеговина.

На местото излезени се голем број пожарникари. Дел од повредените се пренесени во болницата во Велика Кладуша, додека некои се упатени во Кантоналната болница во Бихаќ.

Според првичните информации, причината за пожарот е човечка невнимателност, пренесоа локалните медиуми.