Европската Унија очекува од Србија и од Косово нивните амбасади во Израел да не ги преместуваат од Тел Авив во Ерусалим, изјави потпретседателот на Европската комисија и шеф на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.
– Долгогодишниот став на ЕУ е дека со преговори мора да се најде начин да се реши статусот на Ерусалим како идна престолнина на двете земји и дека аспирациите на двете страни мора да бидат исполнети – рече тој
Шефот на европската дипломатија појасни дека во согласност со резолуцијата 478 од Советот за безбедност на Обединетите нации од 1980 година, со која се повикуваат сите членки на ООН да ги преместат своите амбасади во Тел Авив, сите амбасади на земјите-членки на ЕУ, како и Делегацијата на ЕУ во Израел, се наоѓаат во Тел Авив,.