ОВР-Кичево поднесе кривична пријава против лицата Б.Д., Д.С. и И.Н. сите од Кичево, како и против правно лице со седиште во овој град. При контрола извршена на 22 октомври, на„ Булевар Ослободување“ полициските службеници ги затекнале пријавените физички лица при управување на моторни возила сопственост на правното лице, без да поседуваат изводи од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај, за такси возила, информира Стефан Димовски портпарол на СВР-Охрид. З.А.