Грчкиот помошник министер за надворешни работи Милтиадис Варвициотис оцени дека ЕУ „мора решително и обединето да го осуди провокативното однесување на Турција“.

Во интервју за телевизијата „Опен“, тој рече дека Брисел мора да и’ понуди на Анкара избор – деескалација или сериозни санкции.

Осврнувајќи се на вчерашните изјави на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, Варвициотис повтори дека Грција е посветена на дијалог, но не под закана со оружје, додека турските воени бродови пловат низ Источниот Медитеран.

– Духот на дијалогот е невозможно да се негува ако сте соочени со неверојатно провокативни и потпалувачки изјави што доаѓаат од Анкара – предупреди Варвициотис.