Медицинските сестри позитивни на ковид-19 се вратени да работа во ковид-центрите низ сојузната држава Нов Јужен Велс во Австралија, за да лекуваат заболени од коронавирусот, што е спротивно на државните здравствени протоколи во оваа земја. Овие чекори на менаџерите на болниците во земјата се последните очајни мерки на здравствените власти, со цел да го издржат притисокот создаден од ширењето на омикрон.
– Бог да му помогне на секој пациент што не е заразен со ковид во болница во овој момент. Тие се како голи цели – изјави една медицинска сестра. Земјата пред новогодишните празници се соочи со зголемен број инфекции од новиот сој на коронавирусот, по што во поголем дел од регионите и градовите во сила се рестриктивни мерки. Во исто време здравствениот систем е оптоварен, а ваквите чекори на надлежните власти, според медиумите, се единствените за надминување на притисокот врз болниците.