Кина

Кинеската престолнина првпат ги исполни државните стандарди за квалитет на воздухот, како резултат на сериозни проекти за намалување на потрошувачката на јаглен, намалување на емисиите од транспортот и преместување на тешката индустрија. Државата му објави војна на загадувањето во 2014 година, по серија ужасни количества смог во Пекинг и други градови, што предизвика масовен гнев во јавноста.
Па, така, во Пекинг, во текот на 2021 година и почетокот на новата година просечните отчитувања на ПМ 2,5 честички изнесувале 33 микрограми на кубен метар, што е намалување за 13 отсто во споредба со претходната година и значи исполнување на привремениот стандард на Кина од 35 микрограми. Тоа сепак е повисоко од препорачаното ниво на Светската здравствена организација од пет микрограми на кубен метар.
Во тамошното биро за заштита на животната средина велат дека постигнатиот напредок е без преседан. Во меѓувреме, Пекинг и провинцијата Хебеј започнаа да се префрлаат на природен гас, а засадија и огромен број дрвја низ целиот регион. Беа наметнати строги стандарди за гориво во автомобилите, а големите фабрики и тешките индустрии беа принудени да инсталираат опрема за контрола на емисиите. Инаку, Пекинг во зимските месеци знаеше да се приближи и до смртоносни 500 микрограми, поради доминантноста на јагленот во системот за греење.

Подготвил: Дејан Србиновски