Фото: Илустрација/Пиксабеј

Патничкиот авион Боинг 737 на кинеската авиокомпанија „Чајна истерн ерлајнс“ се урна во близина на Вужоу на југот на Кина, јавуваат медиумите.

Според првите информации, во авионот имало 133 патници.

Според неофицијални информации, авионот се урнал во областа Гуангкси.

Во тек е спасувачка операција.

Засега нема информации за жртви.

Според неофицијални информации, авионот се урнал во шума, каде по падот избувнал пожар кој ја зафатил вегетацијата.