Фото: Илустрација/Архива

Администрацијата на Бајден планира да ги повика Американците да добијат дополнителна доза од вакцината против ковид-19 оваа есен за да се спротивстави на новиот бран инфекции, изјави претставник на Белата куќа.

Официјалниот претставник рече дека Центрите за контрола и превенција на болести известуваат за зголемување на инфекциите и примени во болници поради ширењето на коронавирусот, но додаде дека вкупниот број на заразени е се уште низок.

Во четвртокот, „Модерна“ соопшти дека првичните податоци покажуваат оти нејзината нова вакцина против ковид-19 е ефикасна против подваријантите на вирусите Ерис и Форнакс кај заразените.

„Модерна“ (Moderna), „Новавакс“ (Novavax), „Фајзер“ (Phizer) и германскиот партнер „Бионтек СЕ“ (BioNTech SE) создадоа верзии на нивните вакцини насочени кон подваријантата XBB.1.5.

Во очекување на одобрение од здравствените регулатори во САД и Европа, компаниите очекуваат новите верзии на вакцината да бидат достапни во наредните недели за есенската сезона на вакцинација.