Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека не сака да убие многу луѓе во Иран по меѓуизборите во САД, но предупреди дека Вашингтон ќе преземе решителни мерки доколку тоа биде неопходно.
– Слушајте, не сакам да убијам многу луѓе, но ако мораме, ќе мораме – изјави Трамп во интервју за телевизијата „Фокс њуз“, во услови на извештаи дека САД разгледуваат можност за пообемни напади врз Иран по утрешните избори.
Американскиот претседател потврди дека американските сили во текот на ноќта извршиле напад врз новоизграден ирански противвоздушен систем, чија изградба ја следеле повеќе од два месеца, опишувајќи го како мал одбранбен напад кој не претставува војна. Локалните медиуми, повикувајќи се на американски функционери, објавија дека воената акција била извршена во понеделникот врз цели на иранскиот остров Кешм, сместен во Ормуска Теснина.
Трамп оцени дека конфронтацијата со Иран се разликува од традиционалните судири, како руско-украинската војна или Втората светска војна, тврдејќи дека Вашингтон има целосна предност во однос на Техеран откако ги онеспособил неговите поморски и воздушни капацитети.
– Ги имаме целосно онаму каде што сакаме. Можеме целосно да ги уништиме или да бидеме попустливи и да оставиме да живеат илјадници луѓе кои би загинале во војна – изјави Трамп.
































