За руските воздушни сили во Сирија ќе се разгледува вопоставување „линија на деконфликт“, најави неименуван израелски воен претставник, откако сириските сили соборија руски авион, одговарајќи на израелски напад.

Според истиот извор, израелска делегација се вратила од Москва каде ги информирала руските фунцкионери за инцидентот во кој загинаа 15 Руси.

Израел соопшти дека нападнал сириски објект кој го снабдувал со оружје ирански Хезболах и ја известил Русија пред време, во согласност со договорот за „деконфликт“.

Израелски функционер обвини „невнимателен сириски оган“ за соборување на рускиот авион откако израелските авиони го напуштиле подрачјето.

Израелскиот премијер Бенјамин Нетанјаху на почетокот од неделава телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за соборување на рускиот воен авион, наведувајќи дека е виновна Сирија.

Путин претходно изјави дека соборувањето на рускиот воен авион со сириска ракета е последица на „сплет на трагични околности“. Тој наведе дека рускиот авион, во близина на Сирија, не го собориле израелски авиони.