Портпаролот на кампањата на демократскиот кандидат, Џо Бајден одговори на извештаите дека Доналд Трамп нема намера да прифати пораз, велејќи дека властите имаат право да го отстранат „секој натрапник од Белата куќа“.

Американците ќе одлучат за исходот од изборите оваа година, изјавија од штабoт на демократите.

– Владата на Соединетите Американски Држави е совршено способна да ги протера натрапниците од Белата куќа“, додаваат тие.