Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск смета дека лидерите на ЕУ треба да бидат трпеливи со Велика Британија кога се во прашање нејзините напори да добие мнозинска поддршка за договорот за излез од Унијата.

Туск тоа го изјави откако британската премиерка Тереза Меј денеска најави дека повторно ќе побара од Европската унија да го продолжи периодот за преговори за Брегзит и дека ќе се обиде со лидерот на лабуристите Џереми Корбин да го прекинат „застојот“ на процесот во Парламентот.

– Треба да бидеме трпеливи, дури и ако по денешниот ден не знаеме каков ќе биде конечниот резултат – напиша Туск на Твитер.

Британските пратеници синоќа не донесоа никаква одлука, односно не успеаја да обезбедат мнозинство ниту за еден од четирите предлози за излез од кризата во врска со Брегзит.