Забраната за абортус по шестата недела од бременоста стапи во сила денеска во американската сојузна држава Тексас, откако Врховниот суд на САД не одговори на итното барање на групите што се залагаат за правото на абортус.

Групите што се залагаат за правото на абортус велат дека 85-90 проценти од абортусите во Тексас се вршат по шестата недела од бременоста, што значи дека законот, најверојатно, ќе принуди затворање голем број клиники.

Американската организација „Планирано родителство“ и други даватели на здравствени услуги и гинеколози се обидоа да го оспорат законот пред федералниот суд во Остин во јули, тврдејќи дека го прекршува уставното право на абортус.

Законот, потпишан на 19 мај, е невообичаен по тоа што им овозможува на граѓаните да ги тужат клиниките за абортус и секој што помага или охрабрува абортус по шестата недела. Граѓаните што ќе победат во такви тужби може добијат најмалку 10.000 долари.