Тајван ќе организира референдум за тоа дали законодавството на земјата предвидува можност за истополови бракови.

Уставниот суд на Тајван во мај минатата година пресуди дека хомосексуалните двојки имаат право да стапат во брак и даде рок од две години таа можност да биде вметната во националното законодавство.

Тоа беше прво такво решение во Азија.

Во август, група активисти поднесоа барање до Централната изборна комисија на Тајван за организирање референдум за ова прашање и барање регулирањето на граѓанските бракови помеѓу хомосексуалците да не биде вклучено во граѓанскиот законик, туку за тоа да се предвиди посебен закон со цел да бидат заштитени „семејните вредности“.

По разгледување на барањето, Комисијата денеска одлучи на 24 ноември да се спроведе референдумот, на барање на активистите.