Египетскиот суд им досуди смртна казна на шест лица обвинети за терористички напади во Кердаси, во близина на познатите пирамиди во Гиза. Тие се осудени за два одвоени напади, во 2013 и 2015 година, во кои загинаа најмалку три лица, меѓу кои и полицаец.

Кривичниот суд во Гиза, за слични обвиненија, вклучувајќи и поседување оружје и експлозив, осуди уште 41 лице на доживотен затвор, од кои 28 во осудени во отсуство.

Други седуммина се осудени на 15 години затвор, еден до три години, додека 14 се ослободени. Како што пренесува АП, овие пресуди можат да се обжалат.