Во Јужен Судан изминатите денови силувани и тепани се 125 жени и девојчиња, соопштија хуманитарните работници.

Организацијата „Лекари без граници“ соопшти дека „драматично се зголемени“ случаите на сексуално насилство во изминатите десет дена врз жени кои го посетиле центарот за распределба на храна во местото Бентиу.

Според локалните жители мета на сексуалните напади биле бремени и постари жени, но и девојчиња на возраст од 10 години.

Сексуалното насилство е многу распространето во граѓанската војна во Јужен Судан.

Шефот на мисијата на Обединети нации во Јужен Судан изјави дека „одвратните“ напади ги извршиле момчиња во воени униформи и во цивилна облека.

ОН ги засилија патролите и покранаа истрага, а во исто време апелираа до локалните власти да ги изведат напаѓачите пред суд.

Владата на Јужен Судан се уште не го коментира насилството.