Земјотрес со јачина од 6,2 степена го погоди брегот на Индонезија, соопшти Европскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот се наоѓал на 204 километри јужно од градот Манадо.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Не е издадено предупредување за цунами.