Зграда од 21 кат се урна во Лагос, главниот град на Нигерија. Властите стравуваат дека под урнатините има заглавено луѓе.

– Мислев дека е земјотрес, целата зграда се урна – вели Оли Апата, кој живее недалеку од урнатата зграда.

Апата додаде дека зградата била во изградба веќе две години и дека инвеститорот претходно истиот ден се сретнал со потенцијалните купувачи

Видеата споделени на социјалните мрежи покажуваат луѓе што ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани.

Уривањето згради е релативно вообичаено во Лагос, главниот град на Нигерија, кој има 20 милиони жители.

Во рушењето на две згради во 2019 година загинаа десетици луѓе.