Опасен топлотен бран ги зафати централниот западен дел и источниот брег на САД, при што загрозени се повеќе од 200 милиони луѓе.

Забележани се исклучително високи температури, а највисоката е измерена во главниот град на Ајова, Де Мојн каде биле измерени 48,3 Целзиусови степени, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Издадени се предупредувања во повеќе сојузни држави – од Канзас до Охајо и од Северна Каролина до Њу Хемпшир.

Се очекува денешниот ден да биде најтопол во одделни градови. Во Њујорк и Филаделфија се очекуваат најтоплите денови од 2012 година наваму, а во Вашингтон температурата ќе надмине 38 степени за прв пат по 2016 година.

Метеоролозите предвидуваат намалување на температурите на почетокот од следната недела, кога ќе се спуштат на околу 26 степени.

Како што пренесува Еј-би-си, наглото разладување би можело да донесе и силни бури.