Соединетите Американски Држави ќе го повлечат целиот дипломатски персонал кој се уште се наоѓа во нивната Амбасада во Каракас поради влошување на кризата во земјата, соопшти државниот секретар Мајк Помпео.

– Одлуката е одраз на влошената состојба во Венецуела како и проценките дека присутноста на дипломатскиот персонал во американската Амбасада стана ограничување за политиката на САД- напиша Помпео на Твитер.

Тој не презицира кога точно персоналот ќе биде повлечен од Амбасадата во Каракас.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро на 23 јануари соопшти дека ги прекинува дипломатските врски со САД, кои го признаа опозицискиот лидер Хуан Гуиадо за привремен претседател на земјата, и нареди сите американски дипломати да си заминат.