Во авторска статија објавена во германскиот весник „Цајт“, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва се надевала дека крајот на Студената војна е победа за цела Европа, сепак се случило да победи желбата за проширување на НАТО.

– Се чинеше дека идејата на поранешниот француски лидер Шарл де Гол за „заеднички континент“ може да стане реалност, но тоа не се случи – изјавил Путин.

Во неговата изјава Путин кажал дека денес е деградиран целиот европски безбедносен систем, дека тензиите растат и дека постои нов ризик од трка за вооружување.

– Губиме големи можности од потенцијална соработка, што се од најголемо значење за сите нас, имајќи ги предвид тековните предизвици со кои се соочуваме, пред се поради пандемијата – нагласил Путин.