Долгогодишниот азербејџански претседател Илхам Алиев денес издаде указ за распуштање на парламентот и одржување предвремени избори за два месеца.

Овој потег, координиран со еднодомниот парламент и претставен пред јавноста како реформаторски, одново ги поттикна шпекулациите дека неговата вистинска цел е да се зацврсти моќта на фамилијата Алиев во земјата.

Неговата сопруга Мехрибан Алиева е потпретседателка на Азербејџан.

Претседателот, кој ја води поранешната советска република со излез на Каспиското Езеро повеќе од петнаесет години, беше реизбран минатата година со освени над 80 проценти од гласовите.

Во неговата уредба се вели дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 9 февруари, осум месеци пред планираниот датум.