Најмалку 26 луѓе загинаа во поплави и лизгање на земјиште на Филипините. Повеќето жртви се во провинцијата Албај.

Спасувачките тимови се во потрага по уште неколку луѓе кои се исчезнати во погодените региони.

Речиси 5.000 луѓе беа приморани да ги напуштат домовите во региони погодени од поплавите и лизгањето земјиште. Националната метеоролошка служба соопшти дека тропската бура Усман е ослабната, но во источните и централните провинции ќе продолжат врнежи од дожд.